домаМакедонијаНова рунда разговори за Изборниот законик – партиите повторно ќе бараат компромис

Нова рунда разговори за Изборниот законик – партиите повторно ќе бараат компромис

- Advertisement -spot_img

Претставниците на парламентарните партии денеска повторно ќе седнат на иста маса во обид да ги приближат ставовите за измените на Изборниот законик, иако разликите околу неколку клучни прашања и натаму остануваат значителни.

Најголеми несогласувања има околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите политички партии, објави 4news.mk

Од СДСМ предупредуваат дека предложените решенија за гласањето на дијаспората можат да отворат простор за изборни злоупотреби. Според партијата, нема оправдана причина за забрзано носење на законските измени и бараат дополнителни гаранции доколку се воведе електронско гласање.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека се подготвени да прифатат гласањето на дијаспората да се организира по пошта доколку не се обезбедат услови за електронско гласање. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија е подготвена да прифати и други барања доколку тоа овозможи македонските иселеници да го остварат своето право на глас на следните парламентарни избори.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img