домаМакедонијаТоневски: Нова инфраструктурна инвестиција во Пробиштип – во тек обнова на улицата...

Тоневски: Нова инфраструктурна инвестиција во Пробиштип – во тек обнова на улицата „Јаким Стојковски“

- Advertisement -spot_img

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски.

Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на два слоја нов асфалт на делница во должина од 400 метри.

Според Тоневски, со реализацијата на проектот овој дел од главната и најфреквентна улица во градот ќе добие целосно нов и современ изглед, а истовремено значително ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

За реконструкцијата се обезбедени 10 милиони денари од Светска банка, преку Министерството за транспорт.

Од Општина Пробиштип посочуваат дека инвестицијата е дел од напорите за модернизација на локалната патна инфраструктура и подобрување на условите за движење на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img