HomeМакедонијаНова фаза на инфраструктурен развој – Ѓорѓиевски го означи почетокот на реконструкција...

Нова фаза на инфраструктурен развој – Ѓорѓиевски го означи почетокот на реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во Општина Аеродром

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го означи почетокот на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во општина Аеродром. Заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, Ѓорѓиевски истакна дека ова е значаен инфраструктурен зафат кој ќе го подобри квалитетот на сообраќајот и безбедноста на граѓаните.

„Фрањо Клуз“ е една од клучните улици во урбаниот дел на општината, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Со години беше запоставена, небезбедна и оштетена, но со започнувањето на реконструкцијата тоа се менува.

Проектот предвидува поставување двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, со што улицата ќе добие современ, безбеден и функционален изглед. Ѓорѓиевски потенцира дека целта е Скопје да добие пример како треба да изгледаат модерните градски сообраќајници – уредени, безбедни и достапни за сите.

„Ова е само почеток. Следуваат уште поголеми проекти за нашето Скопје. Ќе работиме во секоја општина, секое маало, секоја населба. Скопје заслужува!“ – изјави Ѓорѓиевски.

Реконструкцијата на „Фрањо Клуз“ е дел од планот за модернизација на градската инфраструктура и подобрување на условите за граѓаните на Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img