HomeМакедонијаУште еден сведок што не оди во прилог на обвинението

Уште еден сведок што не оди во прилог на обвинението

- Advertisement -spot_img

Денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно отвори сериозни дилеми за начинот на кој е поставено обвинението и за правецот во кој се движи постапката. Наместо силна и концентрирана доказна постапка, судењето мина со само еден јавен обвинител, иако во јавноста претходно се создаваше впечаток за далеку поширок обвинителски ангажман. Од двајцата повикани сведоци на Обвинителството, во судницата се појави само еден.


Сведочеше Нацко Карадаковски, татко на покојниот Александар Карадаковски, но неговиот исказ, според содржината што беше изнесена, се однесуваше главно на работниот ангажман на неговиот син, на тоа во кои правни субјекти работел и во какви околности формално бил заведен како управител. Станува збор за исказ кој не донесе клучни факти за самиот пожар, ниту пак суштински ја зацврсти обвинителската конструкција.


Наместо директна поткрепа на обвинението за настанот од 16 март 2025 година, судницата слушаше исказ за околности што не се однесуваат непосредно на трагедијата, ниту на причинско-последичната врска за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 230 беа повредени.


Денес кон сведокот имаше прашање и од судијката, која праша: „Дали некогаш ви спомнал дека во Пулс е вршено реновирање?“. На што доби одговор дека во 2024 година, пред да се пожали на болките и да му затреба здравствено осигурување, бил повикан за уривање во „Пулс“. Никогаш не бил ангажиран за набавки и слично, одговори таткото.


Дополнително, Обвинителството денес практично се пожали дека сведоци кои самото ги предложило не доаѓаат на судење. Како причини беа наведени здравствени проблеми и отсуство во странство. Воедно, ЈО не беше подготвено веднаш да се изјасни ниту за следните сведоци, поради што судот даде пауза за да се приберат дополнителни информации.


Сето тоа придонесе денешното рочиште да трае сосема кратко и да заврши без суштински процесен ефект. Во предмет од ваква тежина, ваквиот тек на постапката само дополнително ја продлабочува дилемата дали вака поставеното обвинение навистина води кон правда или, напротив, ја оттурнува.


Јавноста веќе ги слушна проценките дека ваквите рочишта ја чинат државата можеби и до 150.000 евра од едно судење. Траењето од еден час не ја намалува таа вредност на постапката.


Токму ваквите сцени во судницата сè повеќе ги потврдуваат анализите што во изминатиот период ги изнесоа десетици професори, голем број адвокати и аналитичари, дека премногу широко и недоволно прецизно поставено обвинение може да доведе до одолговлекување, процесна неефикасност и, на крајот, да оди на штета на правдата и на родителите на жртвите.


Следното рочиште треба да покаже дали постапката ќе добие посериозна доказна динамика или и натаму ќе продолжи во насока што отвора повеќе прашања отколку одговори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img