домаМакедонијаНов случај на западнонилска треска и во Арачиново, бројот на случаи се...

Нов случај на западнонилска треска и во Арачиново, бројот на случаи се искачи на 34

- Advertisement -spot_img

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија достигна 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје.

За првпат оваа сезона вирусот е регистриран и кај жител на Арачиново. Епидемиологот Љуљзиме Бајрами посочува дека во оваа општина постојат услови погодни за размножување на комарците, поради присуството на канали, базени и застојани води.

„Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат таму е детектиран случај. Има канали, базени, застојани води и можеби тоа е причината. Постојат услови за размножување на комарците“, изјави Бајрами.

Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, а речиси половина од вкупниот број заболени се поврзани со населбата Драчево.

Бајрами посочи дека превентивните мерки треба да започнат порано следната година. Според неа, потребно е навреме да се спроведе дезинсекција, но и да се направи анализа за евентуална отпорност на комарците на средствата што се користат.

Доколку се утврди отпорност, како што посочи таа, средствата за третирање би требало навреме да се променат со цел поефикасно да се спречи ширењето на вирусот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img