HomeСпортНов дебакл на македонските кошаркарки

Нов дебакл на македонските кошаркарки

- Advertisement -spot_img

Македонската женска кошаркарска репрезентација претрпе дебакл на гостувањето кај Данска (125:57) во рамки на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот 2027 година.

Данска дебело наплати за минималниот пораз во Скопје од нашата селекција, а „каматата“ изнесуваше дури 68 разлика.

За Македонија на овој меч не играше долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која реши да стави крај на играчката кариера, но и со неа нашата селекција тешко дека ќе избегнеше пораз. Загрижува и фактот што нашата сениорска репрезентација често знае да добие „жешка шлаканица“ од ривалките со убедлува разлика во поени, како што е сега -68.

Уште поголем хендикепт е тоа што единствена расположена во нашиот состав беше Мерит Хемпе, натурализираната Американка, која мечот го заврши со 27 поени, три скока и две асистенции. Следно име зад неа беше Селцова, која заврши со десет поени.

Македонија в сабота ја чека уште едно гостување во овој „прозорец“ на ФИБА кога нашата селекција ќе ги одмеруи силите против Грција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img