Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Од 11.00 часот патниот правец Струга-Ќафасан е пуштен за сите видови возила.
Денес 08.01.2026 г. граничниот премин Богородица, односно ГП Евзони од 17 часот ќе биде затворен за сите видови на возила.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес 08.01.2026 г. со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 г. во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.







