домаМакедонијаНоќ на блузот во Прилеп: Незаборавна атмосфера и врвна музика вечерва

Ноќ на блузот во Прилеп: Незаборавна атмосфера и врвна музика вечерва

- Advertisement -spot_img

Општина Прилеп продолжува со реализација на проектот „Од 0 до КултурА“, чија цел е елементарно музичко и културно описменување на граѓаните, како и промоција на млади музичари од општината и од Република Македонија.

Годинешното издание започнува денеска на 18.06.2026 од 21:00ч. со концерт на групата Crossroad Blues Band Reloaded, која ќе ве поведе на едно посебно музичко патување на Камената бина во Прилеп.

Концертот „Жените во блузот“ е посветен на најголемите женски имиња кои оставиле неизбришлива трага во историјата на блуз музиката. Вокалистките од бендот ќе изведат безвременски светски блуз класици од легендарни уметници, носејќи ја на сцената силата, емоцијата и страста што го дефинираат овој музички жанр.

Ве очекува вечер исполнета со врвна музика, искрени емоции и незаборавна блуз атмосфера.

Ве покануваме заедно да уживаме во музиката и културата под отворено небо!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img