домаМакедонијаНиколовски: Годинава спречени 12 обиди за шверц на над 27.000 лекови и...

Николовски: Годинава спречени 12 обиди за шверц на над 27.000 лекови и медицинска опрема

- Advertisement -spot_img

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, соопшти дека годинава Царинската управа открила 12 случаи на шверц на лекови и медицинска опрема, при што биле запленети повеќе од 27.000 парчиња.

Информацијата Николовски ја објави преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека царинските служби продолжуваат со засилените контроли за спречување на нелегалниот увоз и трговија со производи што можат да го загрозат здравјето на граѓаните.

„Само годинава откривме 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема“, наведе Николовски.

Тој истакна дека Царинската управа останува посветена на заштитата на граѓаните и на сузбивањето на сите облици на нелегална трговија, во тесна координација со останатите надлежни институции.

Од Царинската управа најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, со цел спречување на нелегалниот промет на лекови, медицински средства и други чувствителни производи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img