Политиките на Владата во областа на авиосообраќајот веќе даваат конкретни резултати, покажуваат најновите податоци за капацитетите на аеродромите во регионот. Скопје е апсолутен лидер во првиот квартал од 2026 година, со значително зголемување на бројот на понудени авионски седишта.

Според анализите, за периодот јануари–март 2026 година, Меѓународниот аеродром Скопје ќе понуди 316.528 повеќе седишта во споредба со истиот квартал од 2025 година. Овој раст е резултат на воведување нови авио линии, зголемување на фреквенцијата на постојните летови и засилен интерес од авиокомпаниите за македонскиот пазар.
Надлежните институции оценуваат дека ваквиот тренд ја потврдува успешноста на владините политики насочени кон развој на авиосообраќајот, подобрување на поврзаноста на државата и зајакнување на туризмот и економијата.
Со зголемувањето на капацитетите и бројот на летови, Скопје дополнително се позиционира како регионален авио-центар, а граѓаните и бизнис-заедницата добиваат поголем избор на дестинации и подобри услови за патување.









