5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНиколоски најави договор за заедничката изградба на тунелот по изборите

Николоски најави договор за заедничката изградба на тунелот по изборите

- Advertisement -spot_img

Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што е договорено во јуни годинава.

-Во јуни имавме средба со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов во Истанбул, една корисна конструктивна средба каде што првпат после скоро година дена, седнавме да ги разгледаме реалните проблеми коишто се од инженерски, а не од политички карактер. Имајќи предвид дека средбата беше таква, стручна за теми коишто не се поврзани со политика, затоа што градење пруга не е политика најдовме многу брзо решение, посочи Николоски.

Како што прецизира, договорено е Македонија да ја изгради третата фаза од железницата кон Бугарија, првата, додаде, е изградена, а втората се гради во моментов.

-Бугарија си ги презеде своите обврски, а тоа е да инвестира милијарда и половина евра во изградба, реконструкција и надградба на пругата која што оди од Софија преку Перник до Ѓуешево и да го изгради делот од Ѓуешево до границата. За делот од Ѓуешево до границата веќе има тендери и она што останува тунелот којшто претходно, за жал, беше проектиран до пола, сега ќе се проектира целосно и за таа работа секако треба да се потпише меѓудржавен договор. По завршувањето на изборите, кога ќе завршат овие ограничувања истиот ќе го потпишеме, рече Николоски.

Ние, додаде, на седница на Влада исто така одобривме да се работат корекциите во делот на третата фаза и одиме по договорот, и се надевам дека ќе го реализираме, и дека за неколку години ќе имаме железничко поврзување помеѓу Скопје-Софија и пристаништето во Бургас.

-Ако се оди како што треба на двете страни, 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, потенцира Николоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img