домаМакедонијаНиколоски: Изградбата на брзата пруга стартува на крајот на годинава, сè оди...

Николоски: Изградбата на брзата пруга стартува на крајот на годинава, сè оди по план

- Advertisement -spot_img

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски.

– Одлично се одвива подготовката за изградба на Коридор 10. Изработката на еколошката студија и студијата за влијание врз социјалната средина е готова. На почеток на август ќе има јавни презентации, ќе има најмалку четири – во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија каде што ќе може локалното население да се запознае. Се работи навистина за квалитетен документ од скоро 1600 страници којшто ги опфаќа сите аспекти. После тоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и согласно договорот којшто го имаме, до 31-ви август оваа работа треба да биде завршена, по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот. Се е според планот како што најавив – изјави Николоски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img