домаШоубизНЕВЕРОЈАТНАТА ПРОМЕНА НА ЏОН ГУДМАН Глумецот ослабе 90 килограми и го промени...

НЕВЕРОЈАТНАТА ПРОМЕНА НА ЏОН ГУДМАН Глумецот ослабе 90 килограми и го промени животот од корен

- Advertisement -spot_img

Глумецот Џон Гудман (74) изгледа речиси непрепознатливо на новата фотографија која ѕвездата на серијата „Wizards of Waverly Place“, Дејвид Делуиз, ја објави на Инстаграм. Гудман на фотографијата, настаната во еден супермаркет по случајната средба со Делуиз (54), е видно поослабен од порано.

„Беше дел од моето детство! Легенда! Обожавам што сега можам тоа да му го кажам лично. Ако знаете, знаете“, напиша Делуиз покрај објавата.

Гудман веќе со години посветено работи на своето здравје и физичка трансформација и веќе ги шокираше сите со својата неверојатна промена, но изгледа дека не планира да застане тука.

Глумецот од серијата „Розен“ изјави за магазинот „Пипл“ уште во 2010 година дека изгубил повеќе од 45 килограми откако го исфрлил шеќерот од исхраната и почнал да тренира шест дена во неделата. Исто така, престанал да пие алкохол во 2007 година. Вкупно изгубил дури 90 килограми.

„Се потам, но не претерувам“, изјави тогаш глумецот, кој во тој период беше во своите доцни педесетти години.

Истата година, гостувајќи во емисијата „Late Night with David Letterman“, откри дека во најтешкиот период имал речиси 180 килограми.

„Секоја пролет, кога завршувавме со снимањето на серијата ‘Розен’, ослабував околу 27 килограми. А потоа повторно ќе му се предев на алкохолот“, рече Гудман и призна дека изгубените килограми брзо ги враќал, па дури и добивал повеќе.

Говорејќи за одлуката да го остави алкохолот, тој рече:

„Едноставно се уморив. Ми се смачи да се гледам себеси. Се бричите пред огледало, а не сакате ни да се погледнете. Тоа станува опасно. Сакав да живеам повалитетно.“

Според пишувањето на порталот News.com.au, глумецот одлучил да престане да пие откако едно утро се разбудил тресејќи се по викендот поминат во пијанчење со пријателите. Тогаш се пријавил на лекување во центар за одвикнување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img