-1.2 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаНесреќа кај Плетвар: Две лица загинаа, пет се повредени, причината претекнување

Несреќа кај Плетвар: Две лица загинаа, пет се повредени, причината претекнување

- Advertisement -spot_img

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.

Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.

Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img