Нема да има повлекување на новиот предлог закон за високо образование. Работната грука која го подготвува законското решение ќе се сретне уште еднаш, а потоа за кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Министерката за образование Весна Јаневска истакна дека само мала група професори бара повлекување на законот и претпоставува дека тоа е од страв дека во иднина нема да можат да ги исполнат условите кои законот ги бара.
Инаку, како што е соопштено многу од забелешките кои беа добиени за законот и за кои се сметало дека се конструктивни се прифатени и веќе се внесуваат во текстот на законот. Дел од забелешките, како оние за отчетноста на универзитетите кон државата или ингеренциите на националниот совет, работната група смета дека се неоправдани.
До смена на Законот за високо образование доаѓа откако власта укажа дека мора да се подобри законското решение и неговото спроведување конечно да ги донесе македонските универзитети на Шангајската листа.








