42-годишник од скопско Глумово ќе одговара кривично поради обид за нелегална препродажба на разновиден алат од странско потекло.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против С.Б.(42) од село Глумово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.
Пријавениот, нелегално набавил разновиден алат од странско потекло, во вкупна вредност од 295.645 денари со намера да го продаде алатот, избегнувајќи да плати давачки по основ на царина, акцизи и данок во износ од 62.360 денари.








