Неексплодирана граната со калибар 75 милиметри е извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.
Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала.
За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја примило дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.






