домаСветНАТО на Арктикот го зголемува ризикот од воен конфликт, предупреди Лавров

НАТО на Арктикот го зголемува ризикот од воен конфликт, предупреди Лавров

- Advertisement -spot_img

Русија ги смета зголемените воени активности на НАТО на Арктикот за директна закана за сопствената безбедност, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според шефот на руската дипломатија, засиленото присуство на Алијансата на далечниот север значително ги зголемува ризиците од инциденти што би можеле да доведат до отворен вооружен судир меѓу двете страни.

Во статија објавена од руското Министерство за надворешни работи, Лавров ги окарактеризира маневрите на НАТО во регионот како агресивни чекори насочени против руските интереси.

„Ваквата воена активност на далечниот север претставува директна закана за безбедноста на Русија. Ризиците од инциденти што би можеле да предизвикаат вооружен конфликт, со потенцијално катастрофални последици, постојано растат“, наведе рускиот министер за надворешни работи.

Реакцијата на Москва следува по започнувањето на мисијата на НАТО насловена како „Арктички стражар“ (Arctic Sentry), чија цел е засилување на капацитетите на западниот сојуз во поларниот појас. Овој чекор доаѓа во период на длабоки тензии поради војната во Украина, но и паралелно со обновените американски иницијативи за геополитичко позиционирање кон Гренланд.

Русија располага со најголема воена инфраструктура и поморска флота на Арктикот, вклучително и подморници со нуклеарно вооружување. За Москва, овој регион претставува клучен коридор за развој на северната поморска трговска рута кон азиските пазари.

Во меѓувреме, во поларната зона расте и присуството на Кина, која преку економски и логистички партнерства со Русија настојува да обезбеди пристап до богатите наоѓалишта на минерали и енергенси.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img