12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаНаселбата Расадник ќе биде збогатена со прв јавен плоштад во Кисела Вода

Населбата Расадник ќе биде збогатена со прв јавен плоштад во Кисела Вода

- Advertisement -spot_img

Кисела Вода за првпат ќе добие јавен плоштад, кој се гради во срцето на населбата Расадник, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, плоштадот ќе внесе свежа енергија во секојдневието на жителите и ќе го подобри урбаниот изглед на општината.

„Денеска направив увид на терен и со големо задоволство можам да кажам дека веќе се обликува место на кое сите ќе уживаме“, изјави Ѓорѓиевски.

Новата површина од 4.000 м² ќе вклучува парковско зеленило, современо детско игралиште, фонтанa, урбана опрема и современо осветлување. Средствата за овој проект се обезбедени преку повикот за капитални инвестиции од Владата.

Плоштадот ќе се наоѓа во непосредна близина на спортската сала „Расадник“, која исто така се реновира од темел, додава градоначалникот. Со новиот плоштад, жителите на Расадник и пошироката околина добиваат место за рекреација, дружење и одмор.

„Ова е уште еден чекор кон поквалитетно секојдневие, повеќе простор за семејни активности и подобрен урбан изглед на нашата населба“, нагласи Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img