домаЕкономијаНово намалување на цените на дизелот и бензинот!

Ново намалување на цените на дизелот и бензинот!

- Advertisement -spot_img

Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река, во Општина Сарај. 

Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската теснина, нагласи дека повторно сме пред предизвици за цените на горивата.

– Ние сето тоа го антиципираме. Кризната состојба е до 20-ти јули. Мислам дека веќе се исполнети условите за од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за безоловниот и за дизелот, изјави Мицкоски.

Според него, потребно е денеска да се затворат берзите и да се направи анализа за првите 15 дена. 

– Остануваме посветени на таа политика. Имаме убедливо најниска цена на гориво. Некој ќе рече „ама платите кај нас какви се, во Германија какви се“. Да, ама цената на горивата е од берза, од каде што купува Германија, купуваме и ние. Не купуваме ние од различно место, ние немаме во двор извор на нафта, па од тој извор на нафта да ги полниме резервоарите на нашите автомобили. ​Прашањето е зошто е таму двапати поскапо? Зошто во Албанија е 70% поскапо? Зошто во Грција е речиси двапати поскапо? Зошто во Србија е 50% поскапо? Тоа се политиките на оваа Влада, во насока на подобар стандард за граѓаните, рече Мицкоски. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img