Тренчевска го праша Дурмиши кога работниците ќе го надминат прагот од 500 евра минимална плата образложувајќи дека во овие услови не е доволно ниту двајца од семејството да работат на минималец за да се платат трошоците во семејниот буџет.
Министерот Дурмиши истакна дека Владата начелно го поддржува зголемувањето на минималната плата, но предупреди дека тоа мора да биде резултат на договор меѓу синдикатите и работодавачите и да има економска оправданост.
Минималната плата и барањето за нејзино зголемување беа тема на денешната собраниска седница, каде пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, го праша Дурмиши кога работниците ќе го надминат прагот од 500 евра минимална плата образложувајќи дека во овие услови не е доволно ниту двајца од семејството да работат на минималец за да се платат трошоците во семејниот буџет.
Тренчевска му укажа на Дурмиши дека во јули 2024 година синдикалната минимална кошничка изнесувала 60 570 денари, а во септември годинава таа е 65 077 денари.
„Во оваа слика минималната плата од 24 379 денари изгледа како бројка од друг свет. Кога ќе се пресмета односот меѓу минималната плата и синдикалната кошничка, добиваме апсурдна формула. За да преживее едно семејство денеска му се потребни 2,66 минимални плати. Не е доволно ниту двајца да работат на минималец, сепак недостига една третина од платата за трошоците во семејниот буџет“, рече Тренчевска.








