Најмалку 47 лица загинаа, а десетици други се повредени во разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Индонезија.
По првичниот, следеа десетици последоватени потреси, од кои еден со јачина од 6,1 степени.
Официјалниот број на жртви расте како што се во тек спасувачките акции.
Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека повеќе лица се повредени во различен степен.
Во земјотресот се оштетени стотици објекти.
Најмалку 150 станбени објекти се сериозно оштетени, 41 се со умерена штета, а 148 се полесно оштетени.
Пријавена е и штета на 87 училишта, 18 здравствени установи, пет верски објекти и шест канцелариски згради, како и на друга инфраструктура.
Земјотресот со магнитуда од 7,7 степени го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во источна Индонезија нешто пред 5:00 часот по локално време утринава.
Регистриран на длабочина од 15 километри.






