Помошник-директор во Царинската управа е уапсен откако побарал мито од над 17 илјади евра поврзано со тендер. Од МВР потврдуваат дека лицето е лишено од слобода откако било затекнато при примање на претходно обележани парични средства.
„Во рамки на преземените мерки и активности, лишено од слобода е лице вработено како помошник-директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра“, соопштуваат од МВР.






