домаМакедонијаМВР откри интернет измама со стотици оштетени граѓани низ Македонија

МВР откри интернет измама со стотици оштетени граѓани низ Македонија

- Advertisement -spot_img

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 56-годишната М.К. од Битола и 38-годишниот А.С. од Естонија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според информациите од МВР, осомничените во периодот од декември 2025 до април 2026 година преку мобилна апликација и канал со неколку стотици претплатници ги убедувале граѓаните да вложуваат средства на лажна интернет-платформа, при што им биле ветувани високи добивки кои никогаш не биле исплатени.

Од полицијата информираат дека на овој начин била предизвикана значителна финансиска штета на граѓани од целата држава.

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика биле доставени пет пријави од лица кои тврделе дека биле измамени. Сепак, анализата на финансиските податоци од трансакциската сметка на првопријавената покажала дека бројот на оштетени граѓани е значително поголем.

Според МВР, станува збор за стотици лица, од кои голем дел не го пријавиле случајот.

За расчистување на измамата била спроведена повеќемесечна истрага во која биле вклучени повеќе домашни и странски институции. Размената на информации и оперативните активности придонеле за идентификување на осомничените лица.

Во рамки на истрагата, полициски службеници извршиле разговор со првопријавената и одзеле електронски уреди за кои постои сомнение дека биле користени за комуникација преку мобилната апликација. Од извршената форензичка анализа, според МВР, биле обезбедени докази поврзани со кривичното дело.

Случајот имал и меѓународен карактер, а преку анализа на криптотрансакции и соработка преку меѓународни безбедносни платформи биле обезбедени информации за сопственикот на криптопаричникот.

Од МВР не соопштуваат колкава е вкупната финансиска штета предизвикана со измамата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика повторно апелира до граѓаните да бидат внимателни со понудите за брза и лесна заработка преку интернет.

Полицијата предупредува дека измамниците често користат социјални мрежи, лажни профили и телефонски повици за да ги убедат граѓаните да вложуваат во криптовалути или други инвестиции, ветувајќи им високи и сигурни приноси.

Надлежните посочуваат дека лажните инвестициски платформи можат да изгледаат професионално и убедливо, поради што граѓаните треба детално да ги проверуваат понудите пред да уплатат средства.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img