домаМакедонијаМВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите...

МВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите 10.000 брзи тестови од Кина

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи од првата половина на август планира да започне со употреба на брзи тестови за откривање присуство на дрога кај возачите при сообраќајните контроли, објави „Слободен печат“.

Новите тестови ќе им овозможат на полициските службеници проверката да ја вршат директно на терен. Од возачите за кои постои сомнение ќе се зема брис од плунка, а резултатот ќе биде познат за период од три до десет минути.

МВР веќе ги нарачало првите 10.000 тестови од кинеско производство, кои се очекува да пристигнат на почетокот на август. Цената на еден тест изнесува 218 денари.

Набавката е реализирана преку двегодишна рамковна спогодба, со која е утврден максимален лимит од 80.000 евра за период од две години. Тоа значи дека вкупните средства што можат да бидат потрошени за оваа намена во рамките на спогодбата не смеат да ја надминат таа сума.

Според објавените информации, тестовите имаат точност од 99 проценти, а за нивното користење не е потребно медицинско знаење. Сообраќајните полицајци ќе можат самостојно да ги применуваат при контролите на патиштата.

Со само еден брис од плунка ќе може да се провери присуство на седум категории психоактивни супстанции.

Тестовите ќе детектираат кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати како морфин и хероин, екстази, седативи, како и ТХЦ – психоактивната состојка на марихуаната.

Со воведувањето на брзите тестови, полицијата ќе добие можност уште при самата сообраќајна контрола да изврши скрининг за присуство на дрога кај возачите, без да се чека долга постапка за добивање на првичниот резултат.

Првите 10.000 тестови треба да бидат ставени во употреба во текот на првата половина на август, по нивното пристигнување во земјата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img