3.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМузичка магија во Битола: Оркестарот DIVA со спектакуларна програма

Музичка магија во Битола: Оркестарот DIVA со спектакуларна програма

- Advertisement -spot_img

Уште пред 13 години, токму со почетоците на Камерниот оркестар на Битола, а сега Оркестар DIVA првата поддршка ја добивме од Општина Битола, поддршка што трае до ден денес.
Секако, таа е најзначајна во последните години, за што сме неизмерно благодарни, вели диригентот Владимир Димовски.

„Би сакал посебно да истакнам еден од најголемите проекти што некогаш се реализирале во соработка со Општина Битола, а тоа е „Stars Symphony“ на стадионот „Петар Милошевски”.

Покрај финансиска, добивме и логистичка поддршка, а овој настан остана запаметен како прв концерт воопшто одржан на стадионот во Битола, со присуство од над 5.000 посетители“ истакнува Димовски.

Исто така информира дека во периодот што следува нè очекува богата и возбудлива програма, а за сите новости и настани порачува да ги следите на нивните социјални мрежи.

„Уште еднаш, искрена благодарност до Општина Битола за континуираната поддршка и партнерство“ вели тој.

Фотографии: Оркестар DIVA

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img