Во Реал Мадрид веќе ги одредиле првите двајца фудбалери кои би можеле да го напуштат клубот по враќањето на Жозе Мурињо.
Станува збор за дефанзивецот Раул Асенсио и играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, иако ниту еден од нив нема желба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Покрај нив, можно е клубот да се раздели и со еден од младите напаѓачи – Ендрик или Гонсало Гарсија. Од друга страна, првичниот план Франко Мастантуоно да биде испратен на позајмица во последните недели ја изгубил својата сила.
Трансфер-експертот Фабрицио Романо потврдува дека Реал е подготвен да се раздели со Асенсио, било преку продажба или преку позајмица. Одлуката за можниот трансфер на централниот дефанзивец била усогласена со Мурињо уште минатиот месец.
Сепак, Романо додава дека планот на клубот и понатаму е Мастантуоно да замине на позајмица.
Во меѓувреме, Николо Скира открива дека Манчестер јунајтед е еден од клубовите кои сериозно се интересираат за потписот на Едуардо Камавинга.






