6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМуцунски во Истанбул се сретна со својот турски колега, Фидан: Економската соработка...

Муцунски во Истанбул се сретна со својот турски колега, Фидан: Економската соработка и инвестициските можности во фокусот

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска на маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул, оствари билатерална средба со својот турски колега – министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

„Разговаравме за билатералните односи, економската соработка и инвестициските можности, како и за продлабочувањето на соработката во повеќе области од заемен интерес“, истакна Муцунски во својата објава на Фејсбук.

Тој исто така посочи дека за време на средбата ја потврдиле одличната политичка соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји.

„Во разговорите го потврдивме и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и заедничката заложба за стабилен и просперитетен регион, поддршката во регионалните иницијативи и мултилатералната соработка, додаде министерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img