HomeМакедонијаМуцунски-Шакалиев: Остануваме отворени за казахстанските инвеститори

Муцунски-Шакалиев: Остануваме отворени за казахстанските инвеститори

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој заедно со бизнис-делегација престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата, двајцата министри оценија дека посетата претставува уште една потврда за интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји, при што ја истакнаа подготвеноста за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во области од заеднички интерес.

„Оваа посета е јасен сигнал за заедничката подготвеност за продлабочување на економската соработка и за унапредување на севкупните билатерални односи. Во разговорите отворено констатиравме дека сегашното ниво на економска размена не го одразува реалниот потенцијал, но истовремено се согласивме дека постојат конкретни и достижни можности тој јаз да го затвориме во периодот што следи“, истакна министерот Муцунски по средбата.

Во фокусот на разговорите беше искористувањето на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, како на институционално ниво, така и меѓу бизнис-заедниците.

„Создавањето предвидлива и конкурентна деловна клима и привлекувањето странски инвестиции остануваат врвен приоритет на Владата. Во таа насока, остануваме отворени за казахстански инвеститори – како во технолошко-индустриските развојни зони, така и пошироко, во согласност со нивните инвестициски интереси“, додаде министерот Муцунски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img