домаМакедонијаМуцунски од Киев: Македонија стои со Украина

Муцунски од Киев: Македонија стои со Украина

- Advertisement -spot_img

Стоиме со Украина, која е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот украински колега, Андриј Сибиха, денеска во Киев.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, министерот Муцунски денеска престојува во официјална посета на Украина, во рамките на која се сретнал со неговиот колега, Андриј Сибиха.

Според соопштението, но и како што сподели Муцунски на социјалните мрежи, во фокусот на разговорите со украинскиот министер за надворешни работи биле можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатералне план.

Шефот на македонската дипломатија ја потврдил, како што се наведува, цврстата и континуирана поддршка за Украина. Во тој контекст, Муцунски ја нагласил принципиелната позиција на земјава во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право.

„Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакнал Муцунски.

На средбата со Сибиха било нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност. Во таа насока соговорниците посочиле на потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за постигнување праведен и траен мир.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img