На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Самитот на НАТО во Анкара, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Главни теми на Самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг во однос на потребата за издвојување доволни средства за одбраната, споделувањето на товарот, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и актуелните регионални безбедносни предизвици.
На маргините на Самитот, министерот Муцунски утрово оствари средба со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. На средбата се разговараше за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата.






