Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 17 до 19 април, во Анталија ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Форумот годинава се одржува на тема „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите“.
Во рамки на програмата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ (18 април 2026 година), на кој е предвидено учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција, како и на генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC).
Во рамки на престојот во Анталија, на маргините на форумот и по покана на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, на 17 април 2026 година, министерот Муцунски ќе учествува и на третиот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, заедно со министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан.
За време на форумот, министерот Муцунски ќе оствари и повеќе билатерални средби.








