Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на Македонија.
На средбата се разговараше за евроинтегративниот пат на земјата, реформските процеси и поддршката од Советот на Европа. Муцунски ја истакна посветеноста на државата кон човековите права, владеењето на правото и европските вредности, посочувајќи дека затворањето на пост-мониторинг дијалогот претставува признание, но и обврска за натамошен напредок.
Берсе ја нагласи важната улога на Северна Македонија во градењето на стабилноста и демократските стандарди во регионот. Соговорниците разговараа и за актуелните геополитички предизвици, вклучително и војната во Украина, како и за претстојното шестмесечно претседавање на земјава со Комитетот на министри од ноември следната година.








