Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на охридскиот аеродром го пречека премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на нашата земја.
– Домаќин на посетата е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји, објави Мицкоски.
Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, додава министерот.






