Шеснаесетгодишно момче од делчевското село Разловци се здобило со тешки телесни повреди откако паднало од мопед на регионалниот пат Берово–Делчево.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 11 јуни околу 12:25 часот кај местото викано „Турски андак“. Малолетникот управувал мопед со делчевски регистарски ознаки кога изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Берово, а причините за несреќата дополнително се утврдуваат.








