домаМакедонијаMононуклеоза се шири меѓу тинејџерите

Mононуклеоза се шири меѓу тинејџерите

- Advertisement -spot_img

Лекарите велат помеѓу тинејџерите се шири инфективна мононуклеоза, веќе ги гледаат контактите и како се пренесува болеста. Неколку пациенти има само во амбулантата на докторката Анкица Станоевска. Младите се поздравуваат со гушкање и бакнување, па вирусот брзо се шири, а може да доведе до хроничен хепатитис, објаснува докторката Станоевска…

По бурно лето, ни есента не е мирна, лекарите велат помеѓу тинејџерите се шири инфективна мононуклеоза, веќе ги гледаат контактите и како се пренесува болеста. Неколку пациенти има само во амбулантата на докторката Анкица Станоевска. Младите се поздравуваат со гушкање и бакнување, па вирусот брзо се шири, а може да доведе до хроничен хепатитис, објаснува докторката Станоевска. А почнува со висока температура и болно грло.

Но, не помалку отсуствува и стрептококната ангина, голем дел од оние што сега се вратија од одмор, се вратиле добро настинати, вели доктор Станоевска. Но, има и пациенти со сериозна клиничка слика, сомнежот е дека е некој сој на ковид.

Во втората половина на октомври матичните чекаат поинтензивно да доаѓаат пациенти со грип. Докторката Станоевска се надева дека вакцината против сезонскиот грип ќе стигне навреме, повозрасните веќе имаат навика да се имунизираат и тоа е причината поради која во зимскиот период ги нема во ординациите на матичните лекари.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img