Скопјанец синоќа пријавил дека деговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца тинејџери, момче и девојче, и тоа во два наврати.
-На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на Гази Баба неговиот малолетен син бил физички нападнат од малолетник и малолетничка кои ги познавал, а потоа околу 22:00 часот во Градскиот парк во Скопје истите малолетници заедно со уште едно лице повторно физички го нападнале и му се заканиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.






