HomeМакедонијаМитевска: Случајот со Ивана открива пропусти и криење информации меѓу институциите

Митевска: Случајот со Ивана открива пропусти и криење информации меѓу институциите

- Advertisement -spot_img

Новинарката Марија Митевска вели дека и во последниот случај со убиството на Ивана остануваат без одговор клучни прашања за постапувањето на институциите.

„Клучното прашање кое го поставивме неколку пати, а не добивме одговор е: ‘Колку пати е пријавуван физичкиот напад врз Ивана од страна на нејзиниот сопруг?’ Јас ќе го користам нејзиното име, не само како жртва, туку затоа што не сакам да се заборави нејзиното име“, изјави Митевска.

Според неа, институциите почнуваат да реагираат дури кога случајот ќе стане предмет на јавна дебата, а посочи и на пропусти во комуникацијата меѓу институциите.

„Министерот излезе со реакција со причина, бидејќи Центарот за социјални работи Скопје во нивниот извештај до МВР за постапувањето на социјалните работници не го откри оној случај на Клиниката за дигестивна хирургија, кога Ивана и таму била предмет на физички напад од нејзиниот сопруг за време на посета, каде што била пронајдена во бесознание со видливи траги на насилство“, посочи таа.

Според неа, во тој случај на местото дошле и полицијата и социјалните работници, но настанот не бил пријавен во Министерството.

„Тогаш дошла и полицијата и социјалните работници и тоа не било пријавено ниту во Министерството. Тука имаме проблем меѓу самите институции кои кријат информации“, нагласи Митевска.

Таа порача дека медиумите ќе продолжат да ги бараат одговорите. Митевска се осврна и на случајот со Росица, посочувајќи дека и таму јавноста не добила целосни информации за одговорноста.

„Во случајот со Росица, полицајците добија дисциплинска постапка, но министерот Тошковски не кажа што се случило потоа. Некако се завршува на тој факт – ќе ги дисциплинираме полицајците кои не постапувале, а случајот во обвинителството ќе трае“, додаде таа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img