домаМакедонијаМитева: Капацитетот на СДС за раководење со држава е еднаков на нула

Митева: Капацитетот на СДС за раководење со држава е еднаков на нула

- Advertisement -spot_img

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија 24, се осврна на состојбите во економијата, владеењето на правото и политиките Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа посочи дека, според неа, клучен предуслов за подобрување на состојбите во земјата е воспоставување долгорочна стратегија и континуитет во спроведувањето на економските и институционалните политики.

„Клучното прашање, кое што треба да си го поставите во политиката е како е се стигнува до резултати и како се гради стабилна економија и како се продолжува да се одржува стабилната економија, стабилното владеење на правото, стабилната социјала, стабилното образование. За жал, бевте толку катастрофални во владеењето, да оставивте таков пустош, што во моментов, не само што не можеме да постигнеме да ги поправиме грешките, и дупките коишто ги оставивте, туку мораме да размислуваме неколку чекори нанапред, за да можеме брзо да го постигнеме, тоа што ни е целта“, кажа Митева.

Митева истакна дека, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има јасно поставена цел за подобрување на животниот стандард и економската состојба во земјата, а посочи и дека за остварување на таа цел е потребен долгорочен план и конкретни политики во повеќе области.

„А целта ни е дека со сигурност, дека денес во 2026 во Македонија се живее подобро отколку во 2023, во 2030 година ќе се живее многу подобро. Затоа што имаме план, затоа што знаеме како се гради економска стабилност, затоа што знаеме како се градат инфраструктурни проекти, како се прават образовни политики, коишто нема да прават вакви штети какви што имаме денес. Знаеме како се прават и закони, кои што се посветени на борба против криминалот и корупцијата“, рече Митева и додаде:

„Но најголемата штета е тоа што сето тоа што ќе го наследите вие или друга политичка партија, како што го уништивте пред седум години, така ќе го уништите повторно, затоа што немате способност за работа, не ве интересира, затоа што сметате дека власта ви е подарена, а не треба да работите за истата, затоа што кога сте на власт си играат фудбалчиња по кабинети, и затоа што капацитетот на раководење на СДС во рамки на владата е еднаков на нула“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img