-2.2 C
Skopje
28 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМираковски: Не сметам дека ако се тргне „Усје“ дека тоа ќе го...

Мираковски: Не сметам дека ако се тргне „Усје“ дека тоа ќе го реши проблемот со аерозагадувањето во Скопје

- Advertisement -spot_img

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски, во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма се осврна на податоците поврзани со емисиите на загадувачки гасови, посочувајќи дека значително поголем дел од загадувањето доаѓа од резиденцијалните објекти, а не од индустријата.

Тој нагласи дека индустриските капацитети учествуваат со многу помал удел во вкупните емисии во споредба со домаќинствата, особено кога станува збор за загадувањето од затоплување.

Во однос на прашањето за евентуална дислокација на индустриски капацитети, Мираковски истакна дека тоа е одлука што треба да ја донесат Град Скопје и Владата, но смета дека и нивното евентуално отстранување не би го решило суштински проблемот со аерозагадувањето во главниот град.

„Ако ги гледаме емисиите што ги рапортираат индустриските капацитети, тие податоци се доставени до Министерството за животна средина и се содржани во годишни извештаи, кои во најголем дел се јавно достапни. Ние до тие информации доаѓаме при изработка на студиите за инвентарот на загадување, како и другите заинтересирани страни. Според последните податоци што ги имам, годишните емисии на ПМ2,5 честички изнесуваат околу 20 тони, зборувајќи конкретно за „Усје“. Финската студија што често се спомнува е постара и се однесува на 2016 година, кога индустријата емитувала околу 80 тони ПМ честички. Катастарот на загадувачи на Град Скопје покажува нешто поинакви бројки, но тие се во сличен опсег. Вкупниот удел на сите регистрирани индустриски емитори изнесува околу 2 отсто, додека најголемиот дел од загадувањето доаѓа од резиденцијалните извори за затоплување“, изјави Мираковски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img