9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМинистерството за енергетика со обука за менаџмент: инвестирање во знаење и професионален...

Министерството за енергетика со обука за менаџмент: инвестирање во знаење и професионален развој

- Advertisement -spot_img

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа обука за менаџмент, со цел јакнење на капацитетите и професионалниот развој на вработените. Настанот беше насочен кон стекнување нови знаења и практични алатки кои ќе придонесат за поефикасно работење и подобра институционална организација.

Обуката ја реализираше г-дин Борко Хаџиски, експерт со долгогодишно искуство во областа на менаџментот и стратегиското лидерство. Неговото менторство овозможи интерактивен пристап и практични насоки за надградување на вештините на учесниците.

Во знак на признание за неговиот придонес, на г-дин Хаџиски му беше врачена благодарница, со што се нагласи значењето на оваа активност за развојот на тимот и институцијата.

Министерството нагласува дека ваквите вложувања во човечкиот капитал се најсилната гаранција за современа, ефикасна и одговорна администрација, која е подготвена да одговори на предизвиците и потребите на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img