12.8 C
Skopje
24 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМинистерство за финансии: Започнува враќањето на солидарниот данок: Компаниите мора да поднесат...

Министерство за финансии: Започнува враќањето на солидарниот данок: Компаниите мора да поднесат барање до УЈП

- Advertisement -spot_img

Започнува процесот за враќање на средствата од солидарниот данок што компаниите го уплатија во Буџетот во 2023 година, информираат од Министерството за финансии. За да го добијат повратот, фирмите ќе треба да поднесат барање до Управата за јавни приходи, согласно новиот правилник кој веќе е објавен во „Службен весник“.


Според владините одлуки, враќањето на средствата ќе се реализира во две фази – првата исплата е планирана за март 2026 година, а втората во март 2027 година.


Овој модел е усогласен со најголем дел од компаниите кои биле опфатени со данокот.
Со Законот за солидарен данок беа опфатени фирми што во 2022 година оствариле приход поголем од 615 милиони денари. Вкупно 156 компании во 2023 година уплатиле околу 50 милиони евра во државниот буџет по оваа основа.


Овој данок беше воведен како еднократна мерка за ублажување на последиците од енергетската криза, но подоцна беше поништен од Уставниот суд, со што државата презеде обврска да ги врати средствата.


Министерството за финансии доби задолжение од Владата, во координација со компаниите, да го утврди моделот за враќање на средствата. Сега, со донесениот правилник и утврден образец, компаниите треба формално да поднесат барање до УЈП за да може да започне исплатата.


По доставувањето на барањата и нивната обработка, УЈП ќе започне со исплата на првата рата, што се очекува во текот на март годинава. Целиот процес треба да заврши во две буџетски години, согласно договорениот модел.


Враќањето на солидарниот данок се смета за еден од поголемите буџетски расходи во наредниот период, а воедно претставува и затворање на една од најконтроверзните економски мерки воведени за време на енергетската криза.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img