домаМакедонијаМинистерство за финансии: Исплатени рекордни 2 милијарди денари субвенции на тутунарите, опфатени...

Министерство за финансии: Исплатени рекордни 2 милијарди денари субвенции на тутунарите, опфатени над 15.000 производители

- Advertisement -spot_img

Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност.

Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img