Home » Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, информираат од Министерството.

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на неговото заминување од функцијата Генерален Секретар на НАТО.

По повод денот на независноста, во седиштето на НАТО во Брисел, ќе биде организиран прием, на кој министерот Муцунски се обрати пред дипломатскиот кор и поканетите гости.

Во рамки на работната посета, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе оствари работни средби со високи претставници на институциите на Европската Унија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk