-7.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМинистерот Муцунски понудил помош на Швајцарија за справување со трагичната несреќа во...

Министерот Муцунски понудил помош на Швајцарија за справување со трагичната несреќа во Кран-Монтана

- Advertisement -spot_img

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека по трагичната несреќа што се случи во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по претходна консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.

Во разговорот, министерот Муцунски изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.

Тој ја изразил подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска помош во домашните здравствени установи.

Дополнително, министерот посочил дека, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, се подготвени веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img