домаМакедонијаМинистерот Ферати оствари средба претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија,...

Министерот Ферати оствари средба претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу

- Advertisement -spot_img

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу, со цел да го означи почетокот на нов модел на соработка меѓу институциите и приватниот сектор, заснован на континуиран дијалог, стручни анализи и конкретни решенија.

Визијата на оваа иницијатива е соживотот и одржливиот развој да се градат и преку економијата, преку обезбедување еднакви можности, правичен пристап до информации, еднаков третман од институциите и поголема вклученост на сите заедници во развојните процеси.

Во рамките на средбата, министерот Ферати предложи потпишување на Меморандум за соработка во форматот „25-25-25“ – едноставен, мерлив и транспарентен модел, кој има за цел комуникацијата меѓу Министерството и Стопанската комора на Северозападна Македонија да ја претвори во редовен институционален процес.

Клучна улога во спроведувањето на овој концепт ќе има Секторот за анализи и истражувања, кој ќе ги анализира административните, законските, процедурните и меѓуинституционалните пречки со кои се соочуваат бизнисите, ќе го оценува нивното влијание врз помалите заедници и ќе подготвува конкретни препораки за Министерството, Владата и надлежните институции, создавајќи одржлив механизам за известување и комуникација со Комората.

Министерот нагласи дека оваа соработка не треба да се ограничи само на дијалогот со албанските бизниси, туку треба да претставува сеопфатна платформа за економско зајакнување на сите заедници во државата.

Преку овој модел, Министерството има за цел да ги идентификува заедниците кои имаат ограничен пристап до информации, можности, институционални контакти и развојна поддршка, со цел креирање поинклузивни и поефикасни јавни политики.

Како што беше истакнато на средбата: „Во економскиот развој не смее да има невидливи етнички заедници“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img