Министерот Агон Ферати на средба ги прими гостите од Соединетите Американски Држави, г. Ли Кордер, г-ѓа Паула Кордер и г-ѓа Елона Прој.
Средбата се одржа во топла и пријателска атмосфера, со посебен акцент на важноста на соработката и зајакнувањето на односите меѓу луѓето и институциите.
Ангажманот на г. и г-ѓа Кордер и г-ѓа Прој во поврзувањето на политичките лидери, професионалците, непрофитните организации и институциите претставува значаен придонес кон создавањето нови врски и промовирањето на дијалогот. Овој ангажман се оценува како значајна можност за зајакнување на соработката и градење одржливи партнерства.






