Министерот Агон Ферати, денеска оствари средба со вршителката на должност шефица на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н.Е. г-ѓа Nicole Varns.
Средбата се одржа во важен момент за Министерството, во период кога се работи на Годишниот план, како и на процесот на реструктуирање и модернизирање на институцијата.
На средбата се разговараше и за концептот „25 години и понатаму“, во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Концептот има за цел да отвори нова визија за иднината на соживотот, инклузивноста и градењето доверба меѓу заедниците.
Министерот истакна дека целта на Министерството е јасна: изградба на функционална, инклузивна институција, која ќе биде поблиска до граѓаните.

„Нашата цел е да создадеме институција која ќе биде пофункционална, поотворена и поодговорна кон граѓаните. Охридскиот договор останува важна основа за мир,
стабилност и инклузивност, но преку концептот ‘25 години и понатаму’ сакаме да отвориме разговор за тоа како оваа вредност да продолжи да се развива и во иднина“, истакна министерот.
На средбата беше нагласено значењето на соработката со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер на Северна Македонија, особено во процесите поврзани со демократскиот развој, инклузивните институции, довербата меѓу заедниците и евроатлантската перспектива на земјата.






