1.8 C
Skopje
18 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМилошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија, има проблем со партиските...

Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

- Advertisement -spot_img

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вечерва во тв гостување истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти, нагласувајќи дека Венко Филипче ја користи оваа тема за шпекулации со цел да се прикрие слабоста на политичката партија СДС.

„Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДС особено кај претседателот на СДС, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДС, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДС ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање“, рече Милошоски.

„Има и една трета разлика, ниеден член високо рангиран на ВМРО-ДПМНЕ не излегувал со натписи како што излегуваше тогашната активистка на СДС, Мерсиха Смаиловиќ. Бројот на азиланти коишто имаат добиено статус на бегалец во Македонија е вкупно 14 лица, од коишто 9 лица се државјани на Косово, 3 лица се државјани на Конго, и 2 лица се државјани на Сирија, 14 лица се исто така членови на извршниот одбор на СДС коишто си поднесоа оставка на барање на Филипче, можеби оваа симптоматичност е случајна, но сепак самиот Филипче, неговиот извршен одбор којшто брои 14 луѓе зборува за мигранти а во моментов статус на бегалци, азиланти во Македонија има 14 лица. Гледам дека оваа тема на крајот до Март или Април единствено што може, да му послужи на Венко Филипче, темата извршен одбор на СДС да ја покрие со нешто друго“ рече тој.

Милошоски потенцираше дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи до Македонија нема стигнато ниту едно барање а доколку има, истото категорично би било отфрлено, со што заклучи дека оваа тема е манипулативна политичка тема со цел Венко Филипче да ја прикрие слабоста и празноста на политичката партија, која се соочува со дефицит на кадар, луѓе и идеи.

„До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема, којашто претседателот на СДС, Венко Филипче ја злоупотребува, за да може да ја покрие слабоста и празноста на неговата партија, нема идеи, нема кадар, нема луѓе за тв-дебати, мора да весла на некоја тема со којашто ќе се одржи барем до Февруари-Март следната година“, смета Милошоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img