HomeСпортМилевски по ждрепката: Данска е предизвик, но можевме да добиеме и потежок...

Милевски по ждрепката: Данска е предизвик, но можевме да добиеме и потежок ривал

- Advertisement -spot_img

Селекторот Благоја Милевски денеска од Цирих ја коментираше ждрепката која ѝ ја додели Данска на македонската репрезентација во баражот, нагласувајќи дека противникот е силен, но сепак подобра опција од Италија. Иако неговиот договор истекува и иднината му е неизвесна, Милевски професионално ја исполни обврската, внимателно следејќи го извлекувањето.

„На хартија добивме полесен противник од претходниот бараж, но морам да бидам јасен – кога си меѓу 16-те најдобри, нема лесни ривали,“ изјави селекторот, потсетувајќи на драматичната ждрепка за Катар 2022, кога Македонија извлече два топ-фаворити – Италија и Португалија.

Натпревар без предноста на домашен терен

Милевски не ја криеше разочараноста што Македонија повторно ќе игра во гости. На 26 март тимот ќе гостува во Данска, а во потенцијалното финале би патувал кај подобриот од Чешка и Ирска.

„Штета што повторно не ни се падна домашен меч. Данска е тим со голем квалитет и не е мудро да се даваат преголеми очекувања. Но ќе го дадеме максимумот за да бидеме рамноправни,“ додаде Милевски.

Ждрепката, според него, отвора можност, но истовремено бара максимална концентрација и вистинска подготовка за да се повтори историскиот подвиг на македонскиот фудбал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img